Русија предупредува: Косово се движи кон ескалација, западните земји да извршат притисок

 

Властите на Косово се движат кон ескалација, западните земји треба да извршат притисок врз Приштина и да ја принудат да се откаже од своите милитантни планови.

За Спутник изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

„Со голема загриженост го следиме развојот на ситуацијата во и околу Косово. Гледаме дека косовските „власти“ водат политика на ескалација и очигледно е дека тие се потпираат на поддршката, отворено и скриено, од нивните покровители пред се од Европската Унија и Вашингтон“, рече Грушко.

Според неговите зборови, „сите кои влијаат на политиката на однесувањето на Косово треба да извршат притисок врз него во насока на изнаоѓање политичко решение“.

„Пред сè, да ја принудиме Приштина да се откаже од своите милитантни планови, кои се преполни со дестабилизација на Балканот, и да ги исполни сите претходно преземени обврски кои произлегуваат од Бриселскиот договор, кој предвидува создавање заедница на српски општини како централен елемент во решавањето на косовскиот проблем“, заклучува Грушко.

02.01.2023 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега