Русија обвинува: Украина планира провокација со хемиско оружје

 


Руската амбасада во Вашингтон соопшти дека, според достапните информации, Украина, поддржана од западните земји, планира да изврши низа провокации во борбената зона, вклучително и со употреба на хемиско оружје.

„Имаме сигурни информации дека Украина, со поддршка на Западот, планира да изврши серија антируски провокации со употреба на хемиско оружје во зоната на специјални воени операции. Во моментов режимот во Киев и неговите покровители се подготвуваат да ја фалсификуваат базата на докази за да ја обвинат Русија за кршење на одредбите од Конвенцијата за забрана на хемиско оружје“, прецизирале за „Нујзвик“ од дипломатската мисија.

Според амбасадата, за спроведување на овој план, НАТО испорача повеќе од 70 современи уреди за откривање и фиксирање на токсични материи во Украина, а службениците на украинските безбедносни оддели беа обучени во центрите на НАТО за фалсификување докази во Украина за понатамошно доставување до Организацијата за забрана на хемиско оружје, пренесуваат медиумите во регионот.

Претходно, шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руската армија, генерал Игор Кирилов, предупреди дека Украина подготвува провокација со цел да ја обвини Русија за употреба на отровни материи за време на специјална операција.

Претходно, постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје и рускиот амбасадор во Холандија, Владимир Тарабрин, изјавија дека Москва и ги предала на таа организација резултатите од истрагата за случаите на употреба на хемиско оружје од страна на Киев и дека бара најголема сериозност кон оваа информација, пренесува Спутник.

Тарабрин истакна дека руската страна редовно ја информира Организацијата за забрана на хемиско оружје дека Киев користи хемиско оружје.

10.10.2024 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега