Родителите излегуваат на протест: Игралиштето на ОУ „Киро Глигоров“ станува приватна сопственост

 

Родителите на учениците од ОУ „Киро Глигоров“ утре излегуваат на протест. Игралиштето во дворот на школото станува приватно под времен закуп на приватна фирма.

Дел од најновото скопско училиште наместо слободен простор за рекреација ќе добие приватна компанија, а учениците попуст за да го користат.

-Игралиште кое реално е слободно, за учениците за граѓаните, за жителите на Капиштец, сакаат да му стават клуч на врата. Игралиште за децата да си играат, на таа возраст, од 10 години до 14 години, чекаа 40 години. До 18 часот ќе може да влегуваат во заградениот простор, под надзор на вработен од „Форца“, а после 18 часот, децата наши имаат попуст, ако сакаат да се зачленат. Ако не, може да ги гледаат другарите како игра, велат родителите кои најавија протест.

Засега нема детали од договорот меѓу општина Центар, под чија надлежност е училиштето и приватната компанија.

Школото со капацитет од 250 ученици почна да работи во септември 2019 година.

 

07.05.2022 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега