Рига: Украина има право да користи оружје на НАТО за напади

 

По изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за нападите со беспилотни летала во рускиот регион Курск, реагираше и министерката за надворешни работи на Летонија, Баиба Браз.

Браз ја изрази својата поддршка за Украина и рече дека Киев може да употребува оружје доставено од НАТО за напади.

-Летонија е еден од најверните сојузници на Украина во НАТО и дава 0,25 отсто од својот БДП во воена помош секоја година, рече таа.

Нејзината реакција доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин претходно ја опиша употребата на оружје на НАТО на руска територија како „црвена линија“.

Браз долго време беше помошник генерален секретар на НАТО

14.08.2024 - 23:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега