Реновирањето заврши: Денеска се отвора Хируршкиот ургентен центар на скопските клиники

 

Реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на ЈЗУ „УК ТОАРИЛУЦ“ Скопје ќе биде отворен денеска.

Како што стои во соопштението на Клиниката, станува збор за целосна реконструкција на 400 метри квадратни на Хируршки ургентен центар и тоа приемно oдделение, соба за реанимација, соба за тријажа, операциона сала, асептична соба, помошни простории и санитарни чворови за што се издвоени осум милиони денари буџетски средства и средства од донации.

Оттаму наведуваат дека парите се искористени како за комплетно реновирање, така и за набавка на медицински инвентар и опрема.

Претходно беше извршена реконструкција на Клиниката за Ортопедија, се додава во соопштението.

29.07.2022 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега