Рамос го пропушта ЕП
Серхио Рамос е една од најголемите ѕвезди кои ќе го пропуштат Европското првенство. Селекторот на Шпанија, Луис Енрике не го повика во репрезентацијата, што изненади многумина.
На прес-конференција Енрике рече дека долго размислувал за оваа одлука.
-Во неделата имавме приватен разговор. Не беше лесно, но морам да реагирам во интерес на репрезентацијата. Рамос не е во состојба да тренира и да игра. Беше многу тешко, но во иднина може да биде член на селекцијата. Тој е професионалец, рече Енрике.
24.05.2021 - 15:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа