Радост во Зоолошката во Скопје: Се родија лемури-близначиња

 

Скопската Зоолошка Градина објави убава вест на социјалната мрежа Фејсбук. Се родија лемури-близначиња кои од сега ќе ги радуваат децата, и сите други посетители на Зоолошката градина.

- Лемурите од Мадагаскар се еден од најзагрозените видови во светот, бидејќи постојано им се уништува единствениот природен дом од каде што потекнуваа. Но, во Скопје ЗОО и оваа година имаме убави вести. Повторно крајот на март ни донесе феномен кој се јавува кај мајките лемурки, добивме пар близначиња. Дополнително уште една лемурка стана мама. Инаку кај овој вид на животни владее матријархат, односно жената е главна, па ништо поразлично не е и во нивното живеалиште во Скопје ЗОО Зоолошка градина Скопје ќе продолжи да работи на конзервација и покревање на свеста за зачувување на овој вид, напишаа од Скопје ЗОО.

Нивниот убав пост доби голем број лајкови и коментари на Фејсбук.

01.04.2025 - 10:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега