Путин се разлути: Украина ни се меша во изборниот процес, ќе ја казниме

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина се обидела да го наруши изборниот процес со гаѓање цивилни цели во Русија и со користење на вооружени групи во неуспешниот обид да ја пробие руската граница, пренесе Ројтерс.

„Ваквите злосторства нема да останат неказнети. Русите ќе одговорат на обидите за провокација со уште поголемо единство“, рече Путин на состанокот со членовите на Советот за безбедност, пренесува РИА Новости.

Шефот на руската држава посочи дека „претставниците на режимот во Киев извршиле серија саботажни и терористички напади во пограничните региони на Русија“ и дека руската воздушна одбрана уништила околу 95 отсто од непријателските ракети и гранати.

„Сигурен сум дека нашиот народ, народот на Русија, на ова ќе одговори со уште поголемо единство. Кого решија да заплашат? Руски народ? Мултинационална Русија? „Ова никогаш не се случило и сигурен сум дека нема да се повтори“, рече Путин.

Руските медиуми денеска јавија дека имало напади на украинските сили на неколку избирачки места во областа Херсон. Во новите региони на Русија, Народните републики Доњецк и Луганск, регионите Херсон и Запорожје, тие гласаат првпат на претседателски избори, јави РИА.

Гласањето за претседателските избори во Русија почна денеска и ќе трае до 17 март. За шеф на државата се натпреваруваат четворица кандидати – Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и Владимир Путин.

15.03.2024 - 17:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега