Путин: Руската армија ги „подобрува своите позиции“ на фронтот во Украина

 

Руската армија ги „подобрува своите позиции“ на фронтот во Украина, вклучително и околу источниот град Авдијивка, кој беше цел на неколкудневни опсежни напади, изјави рускиот претседател Владимир Путин и повтори дека украинската контраофанзива „целосно пропаднала“.

„Нашите војници ги подобруваат своите позиции во речиси целиот тој многу голем простор“, ​​рече Путин во интервју за руската телевизија, чии извадоци денеска на Телеграм ги објави Павел Зарубин, новинарот што го интервјуираше.

„Тоа се однесува на зоните Купјанск, Запорожје и Авдијивка“, додаде Путин и ја пофали стратегијата за „активна одбрана“ која, како што рече, ја спроведува руската армија.

15.10.2023 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега