Путин: Распоредуваме тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

 

 

Москва и Минск се договорија да разместат тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за ТВ каналот Росија 24. Тој вели дека изградбата на складиштето ќе биде завршена на 1 јули. Путин тврди дека ќе го распореди оружјето без да ги прекрши обврските од Договорот СТАРТ. Според него, причина за таквиот чекор е најавата на Велика Британија за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум.

Путин рече дека Белорусија долго време се обидува да постави руско нуклеарно оружје на своја територија. Тој додаде дека Москва „го прави она што САД го прават цела деценија“.

„Муницијата со осиромашен ураниум што Западот ќе ја пренесе во Киев не припаѓа на оружје за масовно уништување, но на некој начин создава радиоактивна прашина и затоа се смета за многу опасна. Неизбежно ќе има контаминација на засеаните површини, што ќе создаде опасност и за локалното население и за животната средина“, рече Путин.

Да потсетиме, во вторникот, британската заменик-министерка за одбрана Анабел Голди изјави дека, покрај тенковите Челинџер 2, Лондон на Украина ќе и испорача оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум. Путин веднаш предупреди дека Русија ќе одговори на таквите испораки.

25.03.2023 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа