Путин: НАТО го користи целиот потенцијал против Русија

Рускиот претседател Владимир Путин на денешниот состанок во руското Министерство за одбрана изјави дека НАТО го употребува целиот потенцијал против Русија и им порача на присутните дека треба да го анализираат искуството на НАТО. Тој додаде дека Русија ќе продолжи да подобрува борбената готовност на нуклеарните сили и оти во најблиска иднина ќе бидат распоредени интербалистичките ракети „Сармат“.

Путин наведе дека Русија ќе ги исполни своите задачи во Украина и им оддаде признание на руските војници велејќи: „Вие се борите како хероите од претходните руски војни“. Според оценката на Путин, „специјалната воена операција во Украина ја покажала важноста на беспилотните летала.

21.12.2022 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега