Пукање во училиште во Финска, има ранети


Неколку лица се повредени во пукање во училиште во Финска утрово.


Финската полиција соопшти дека денеска дошло до пукање во училиште во градот Вантаа, во близина на Хелсинки. 
Во инцидентот има повредени, а осомничениот за нападот е уапсен.

Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа, соопшти финската полиција. Полицијата го уапсила осомничениот за пукањето, а има и повредени, се додава во соопштението.

„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци“, се наведува во полициското соопштение.

Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица.

02.04.2024 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега