Пукање во Тетово: Од возило во движење пукано кон куќа


На булеварот „Илинден“ во Тетово синоќа во 22.45 часот имало пукало од огнено оружје, а жител на градот пријавил дека е пукано кон неговата куќа. Од СВР Тетово велат дека засега немаат информации за повредени лица.

-Во 22.45 часот М.Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. До сега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.


По пукањето полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде се пукало по што е почнат увид.

12.04.2024 - 08:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега