Пукање во Далас: Најмалку девет лица убиени пред трговски центар (ВИДЕО)

 

 

Вооружен напаѓач вчера пукаше и уби девет лица и рани најмалку седум во прометниот трговски центар северно од Далас, во Тексас, соопшти полицијата, а напаѓачот беше убиен, јави Си-ен-ен.

Шефот на противпожарната служба на Ален, Џон Бојд, на истата прес-конференција рече дека неговиот оддел однел најмалку девет жртви со прострелни рани во локалните болници, од кои две починале.

Медикал Сити Хелткер, кој раководи со 16 болници во областа, рече дека неговите траума центри ги лекуваат осумте ранети жртви, кои се на возраст од пет до 61 година. Од болницата не соопштија каква е нивната состојба.

Неидентификуван очевидец изјавил за локална ТВ дека напаѓачот „одеше по тротоарот и само пукаше во сите правци“.

На тротоарите надвор од трговскиот центар можеше да се види крв и бели чаршафи кои изгледаа како тела. На некои видеа на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот лежи на патот откако бил убиен од полицијата.

Тексас е американската сојузна држава во која има најмногу оружје во посед на цивили и каде најлесно може легално да се купи оружје.

07.05.2023 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега