Првите луѓе на ФФМ си се почестија со по 20.000 евра за пласманот на ЕУРО 2021
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини заедно со членовите на Управниот одбор се почестиле по 20.000 евра за историскиот пласман на репрезентацијата на ЕУРО 2021, јавуваат спортските портали.
Управниот одбор на ФФМ брои вкупно 15 члена, што значи дека кај нив ќе завршат вкупно 300.000 евра.
Капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев пред два дена ѝ објави војна на ФФМ посочувајќи дека луѓето таму работат само лични интереси.
-Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот уште ви е во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес, напиша Пандев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа