Првиот настап за новиот селектор донесе историја: Роналдо истрча на теренот и стана светски рекордер
Кристијано одби да се повлече од репрезентацијата по големото разочарување на Светското првенство, а неговиот прв настап за новиот селектор е историски.
Капитенот стана апсолутен светски рекордер по бројот на одиграни настапи за една репрезентација, бидејќи со истрчувањето на теренот стигна до 197-от натпревар во националниот тим.
Тоа го нема остварено ниту еден друг играч во историјата на фудбалот, што само покажува каква фудбалска големина е Роналдо и колку долго трае неговата кариера.
23.03.2023 - 21:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа