Првиот ден како Министер за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски на маса со министрите за надворешни работи на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на првиот ден од почетокот на мандатот, патува за Луксембург, каде ќе учествува на Состанок меѓу министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Настанот се одржува во рамки на Советот за надворешни работи на ЕУ, а во организација на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ.
На состанокот ќе стане збор за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и модалитетите за зајакнување на соработката и присуството на ЕУ во нашиот регион.
Во рамки на посетата, Муцунски ќе присуствува на аудиенција кај Големиот војвода од Луксембург, Анри, како и на работна вечера со министрите за надворешни работи на Европската унија и Западен Балкан на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел.
Муцунски од Луксембург ќе продолжи во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со високи претставници на Европската унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа