Протестен марш вечерва во Скопје: Посебен режим на сообраќај во центарот на градот

 


СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (24.03.2025) со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Протестниот марш ќе започне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, потоа по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

24.03.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега