Протекоа писма што Навални ги испраќал од затвор
Писмата на Алексеј Навални, до кои дојде „Њујорк тајмс“, покажаа дека тој успеал да остане во тек со актуелните настани, дури и зад решетки. Писмата илустрираат како ги живеел последните месеци од животот, што читал, но и што мисли за Доналд Трамп.
Пишува дека за една година прочитал 44 книги на англиски јазик, се подготвил за иднината, се расправал со новинарите и со задоволство преку своите соработници ги споделувал своите мислења за објавите на социјалните мрежи.
Во своите јавни пораки Навални го нарече неговото затворање патување во вселената. Поголемиот дел од времето го поминувал во самица, а останал и без тројца негови адвокати, кои биле уапсени поради приклучување кон екстремистичка група.
Сепак, тој ги следел актуелните настани. Во писмото до својот пријател, фотографот Евгениј Фелдман, Навални ја нарекол програмата за вториот мандат на поранешниот претседател Доналд Трамп навистина застрашувачка, пишува „Њујорк тајмс“.
„Ако претседателот Џо Бајден има здравствени проблеми, Трамп ќе стане претседател. Зарем оваа очигледна работа не ги загрижува демократите?“, напишал Навални.
Во друго писмо до Фелдман на 3 декември тој повторно ја изразил својата загриженост за Трамп и го прашал својот пријател: „Ве молам, наведете ми еден актуелен политичар кому му се восхитувате“.
Навални комуницирал и со надворешниот свет преку адвокат. Тој ги коментирал и честите сослушувања за новите кривични постапки што ги поведе државата со цел да му ја продолжи затворската казна или по жалбите поднесени од Навални за третманот што го добивал во затворот.
Навални му рекол на Красилшчик, медиумски претприемач, кој сега е во егзил во Берлин, дека ужива во сослушувањата и покрај природата на рускиот правосуден систем.
„Тие го одвлекуваат вниманието и помагаат времето да помине побргу“, напишал тој. „Покрај тоа, тие даваат чувство на борба“, пренесува „Њујорк тајмс“.
Настапите на суд му дале можност да го покаже својот презир кон системот. Минатиот јули, на крајот од судењето, кое резултира со уште една 19-годишна затворска казна, Навални им кажа на судијата и на полицајците во судницата дека се луди.
„Имате еден живот, даден од Бога, и на ова избирате да го потрошите?“
На едно од неговите последни видеосослушувања во јануари Навални се залагаше за правото на подолги паузи за оброци за земање „две чаши врела вода и одвратен леб“, кои му следувале. Жалбата била одбиена.
Судот ја одби и неговата жалба во врска со ќелијата во која бил затворен. Ќелиите обично биле ладни, влажни и слабо проветрени мали бетонски простории. Но, Навални не се жалел толку на нив колку на тоа што им била дозволена само една книга во ќелијата.
Во писмото во април минатата година до Красилшчик, Навални објасни дека претпочита да чита 10 книги истовремено и „да се префрла од една на друга“. Тој рече дека почнал да ги сака мемоарите: „Поради некоја причина, секогаш ги презирав. Но, тие, всушност, се неверодостојни“.
Често барал препораки за читање, но и ги споделувал. Опишувајќи го затворскиот живот, на Красилшчик во писмото од јули тој му препорачал девет книги на оваа тема, вклучувајќи ги и делата на советскиот дисидент Анатолиј Марченко.
Во ова писмо Навални додава дека ја препрочитал „Еден ден од животот на Иван Денисович“, страсниот роман на Александар Солженицин. Откога преживеа штрајк со глад, Навални напиша дека дури сега ја сфаќа развратноста на работните логори од советската ера.
Кери Кенеди, активист за човекови права и ќерка на демократскиот политичар Роберт Ф. Кенеди, кој беше убиен во 1968 година, исто така размени писма со Навални. Тој ѝ рекол дека плачел „два или трипати“ додека читал книга за татко ѝ препорачана од пријател, објави таа на „Инстаграм“ по веста за смртта.
По префрлањето во затворската колонија ИК-3, во близина на Арктичкиот круг, неговата комуникација со надворешниот свет значително се намалила.
„Тајмс“ објави дека неговата способност да комуницира од тој затвор била значително нарушена. Новинарот Сергеј Пархоменко го добил писмото што Навални му го испратил на 13 февруари, неколку дена пред неговата смрт. Во писмото, кое Пархоменко го сподели на „Фејсбук“, тој зборува за книги и вели дека има пристап само до класиците во новиот затвор.
„Кој можеше да ми каже дека Чехов е најдепресивниот руски писател“?, напиша тој.
Медиумскиот претприемач Красилшчик рече дека сега размислува за последното писмо што го добил во септември. Навални напишал: Ако Јужна Кореја и Тајван успеаја да направат транзиција од диктатура во демократија, тогаш можеби и Русија би можела. Надеж. Немам проблем со тоа“, напиша Навални и го потпиша своето име. „Продолжи да пишуваш, А.!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа