„Протече“ нова серија доверливи американски разузнавачки податоци

 

На социјалните мрежи се појави нова серија доверливи документи во кои детално се опишуваат тајните детали за американските национални безбедносни интереси, од Украина преку Блискиот Исток до Кина, што дополнително го вознемири Пентагон и дополнително ги зголеми превирањата во администрацијата на Бајден.

Како што пишува „Њујорк Тајмс“, аналитичарите запознаени со размерите на протекувањето доверливи информации велат дека очигледно се објавени повеќе од 100 документи, што, во зависност од степенот на тајност, може да биде многу штетно.

Висок претставник на американското разузнавање го нарече истекувањето „кошмар за Петте очи“, мислејќи на САД, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Канада, кои својот разузнавачки сојуз и делењето чувствителните разузнавачки податоци го нарекоа сојуз „Пет очи“.

 

 

 

08.04.2023 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега