Просечната возраст на населението во ЕУ 44,4 години, кај нас 41,1

 

Средната возраст на населението на ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012. Во Северна Македонија, пак, просечната возраст е 41,1 година, а една децени претходно била 36,4, покажуваат податоците што ги објави Евростат. 

Најмладо население во ЕУ има Кипар со просек од 38 години, а најстаро Португалија (46,8) и Италија (48 години).

Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголемила во сите членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се бележи намалува од 40,8 на 40,7 години.

Од земјите во регионот, најстаро население има Грција каде што просечната возраст е 46,1 година, Хрватска со 45,4, Бугарија 45,1, Србија 44,1. Најмлада популација имаат Црна Гора 39,4 и Албанија 38 години, но и таму во изминатата децени е регистриран раст на средната возраст за 2,5 односно 4,8 години. 

23.02.2023 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега