Пронајдени телата на жена и нејзините четири деца во Франција, потрагата по таткото е во тек
Француското обвинителство покрена истрага за повеќекратно убиство откако беа пронајдени пет тела во градот Мо, североисточно од Париз.
Локалните медиуми јавуваат дека жртвите се жена и нејзините четири деца, пренесува Фигаро.
Веб-страницата Actu17, која прв објави за овој случај, наведува дека полицијата трага по 33-годишниот татко, кој е „во бегство“.
Телата се пронајдени во стан во градот Мео, кој е 41 километар од Париз.
26.12.2023 - 09:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа