Пронајдени два тунела за бегство од затворот „Идризово“


Два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници се откриени во најголемиот македонски затвор КПД „Идризово“, дознава „360 степени“.

Постоењето на тунелите е потврдено при денешниот претрес на полицијата, кој се одвива по наредба на Обвинителството, иако сознанијата постоеле од пред извесно време, пренесе 360 степени.

Засега, нема официјална потврда за пронаоѓањето на тунелите.

11.04.2024 - 17:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега