Пронајдени 22 тела по авионската несреќа во Непал, пилотот хоспитализиран

 

Во авионската несреќа што се случи во главниот град на Непал, Катманду, загинаа 22 лица, а едно лице е хоспитализирано, изјави денеска портпаролот на Управата за цивилна авијацијаб, Ханза Раџ Пандеј, пренесе кинеската новинска агенција „Ксинхуа“.

„Ројтерс“, сепак, наведува дека во авионот имало 19 патници и членови на екипажот и дека по несреќата, биле пронајдени најмалку 18 тела на жртвите.

До несреќата дошло кога авионот на непалската компанија „Саурија ерлајнс“ се обидел да полета од аеродромот „Трибуван“ во Катманду до одморалиштето во Похар.

24.07.2024 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега