Пронајден е мртов научникот кој ја развивал вакцината „Спутник“
Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна да се развие вакцината „Спутник V“ против коронавирусот, е пронајден убиен во неговиот дом во Москва, јавуваат медиумите.
Ботиков бил еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината „Спутник V“ во Националниот истражувачки центар „Гамалеја“.
Властите отворија истрага за убиството, а веќе е приведен и осомничен 29-годишен разбојник кој според надлежните упаднал во домот на Ботиков и го задавил научникот со каиш, по што избегал.
03.03.2023 - 22:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа