Професорка по математика: Ми се плаче, ми се урла - збирот на агли во триаголник одеднаш - 190
Професорка по математика во СУГС Раде Јовчевски-Корчагин, на социјалната мрежа Фејсбук се пожали на нова грешка во учебник. Имено, збирот на внатрешните агли во триаголник е секогаш 180, но на графикот објавен од страна на професорката во учебникот изнесува 190.
„Ја сакам математиката, меѓу другото, и заради доследноста.
Збирот на агли во триаголник (во Евклидова геометрија) секогаш досега бил 180 без разлика кој бил на власт или кој ја изгубил војната.
Одеднаш -190!
Нешто сум пропуштила!
Живот во заблуда!
Ми се плаче, ми се урла!“, стои во објавата на професорката по математика на ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа