Продолжуваат средбите на работните групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ-Вреди
Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на коалицијата ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ во просториите на седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од коалицијата Вреди.
„На средбата беше истакнато дека потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните.
При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескруполозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.
Беше договорено дека разговорите во позитивен дух ќе продолжат и во наредниот период“, стои во партиското соопштение испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа