Проблемот со корупцијата присутен, потребни се суштински, а не реформи на хартија
Проблемот со корупцијата е присутен и претстои уште многу работа од сите чинители во општеството. Потребни се суштински реформи, а не реформи на хартија, согласни се и политичарите и институциите надлежни за борба против корупцијата. Отворена поддршка за борба против корупцијата упати и меѓународната заедница.
Според претседателот на државата Стево Пендаровски, лоши сме во борбата против корупцијата и немаме капацитет за ветинг.
Правосудниот систем во земјава, оценува Пендаровски, испорачува слаби резултати, но, не е само тој надлежен за борбата против корупцијата.
-Нашето однесување, на политичарите на локално и централно ниво во однос на непотизам, тендери, наддавање, е примарен генератор за корупцијата да биде на вакви размери. За волја на вистината, перцепцијата за корупцијата е прилично поправена како оценка, но не е доволно и во западно-балкански рамки. Треба да бидеме најдобри во Западен Балкан и да почнеме да се мериме со европскиот просек. Далеку сме од просекот, посочува Пендаровски.Од Владата велат дека владеењето на правото, независноста на судството и неселективната борба против криминалот и корупцијата остануваат стратешки приоритет.
– Сите чинители подеднакво во рамките на своите ингеренции треба да дадат свој придонес во решавањето на ова крупно прашање, напиша вчера премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил по повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа