Приватните превозници одлучија: Протестот почнува во 6 часот наутро - еве што ќе биде блокирано

 

Приватните превозници утре од 6 часот ќе продолжат со протестите. Како што најави Директорот на Слобода Превоз на прес конференцијата претпладнево, протестите ќе се одвиваат на Булеварот Илинден во потегот од владата до раскрсницата кај Мида и тоа во двата правци. Но, Јовановски рече дека утре нема да ја блокираат целата улица туку само десните ленти за да се одвива сообраќајот.
Доколку не се исполнат нивните барања, односно не им се исплати долгот, најави дека е можно протестите да се радикализираат.
Од понеделник се најавуваат и протести со блокада на други раскрсници.

01.12.2022 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега