Принцот Едвард именуван за нов војвода од Единбург
Принцот Едвард е именуван за нов војвода од Единбург, објави Бакингемската палата.
Титулата што му ја додели кралот Чарлс Трети на 59. роденден принцот ќе ја носи доживотно.
Поранешен војвода од Единбург беше принцот Филип, кој почина на 9 април 2021 година, а титулата ја доби утрото на неговата венчавка со кралицата Елизабета Втора.
Новиот војвода и војвотката од Единбург, Софи, ќе бидат во главниот град на Шкотска подоцна в петок.
10.03.2023 - 12:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа