Прегазен пешак во Велес


Вчера околу 17.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, патничко возило „фолксваген кеди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(47) од Горно Оризари, велешко, удрило во пешакот М.Е.(75) од Велес.

Во несреќата М.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

22.05.2024 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега