Познатиот актер тврди дека не плачел 17 години

 

Актерот Џеред Лето тврди дека не плачел речиси две децении и смета дека тоа би можело да биде поврзано со емотивен филм што го снимил во 2000 година.

51-годишниот холивудски актер во емисија откри дека поминале „околу 17 години“ откако последен пат пуштил солза.

-Не сум плачел околу 17 години, последен пат тоа беше поради убод во прстот“, рекол актерот и додал дека мисли дека причината за тоа е еден од неговите филмови.

 

„Јас сум како гуштер. Мислам дека моите солзни канали не работат правилно. Можеби ги истурив сите во Реквием за соништата? Толку многу плачев за време на снимањето на тој филм“, рекол Лето.

За оние кои не се сеќаваат, Лето го играше зависникот од хероин Хари Голдфарб во „Реквием за соништата“, во кој глумеа и Елен Бурстин, Кристофер Мекдоналд, Марлон Вејанс и Џенифер Конели.

04.06.2023 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега