Пожарот во Битола се гаси и во ден и во ноќ, на терен има над 100 лица

 

Екипите на ТППЕ Битола, како во текот на ноќта, така и утрово продолжуваат да работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола.

Од Општина Битола утрово информираа дека заедно со екипите на јавните претпријатија во моментот на терен се над 100 лица, за кои се обезбедени доволни количини на храна и вода.

- Паралелно се одржува комуникација со центарот за управување со кризи од каде е најавена поддршка од воздух во гаснењето на пожарот, соопштија од Општината.

Директорот на Центарот за уравување со кризи, Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил упати благодарност до сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија.

Посебна благодарност, напиша Ангелов, до Република Турција за испратената помош од два ер трактори и еден хеликоптер „Блек Хок" во кој се наоѓам во моментов.

16.07.2024 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега