Пожар во куќа во Скопје, едно лице пренесено во болница


Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во населба Шуто Оризари во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на С.Ќ.(53) од Скопје.

Од  пожарот делумно била зафатена и куќата на Џ. Ќ.. Притоа, на Ш.Ќ. ѝ се слошило и била префрлена во здравствена установа за укажување на помош.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

18.04.2024 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега