Повеќе од половина од заложниците кои ги држи Хамас се странци од 25 различни земји

 

Повеќе од половина од заложниците кои ги држи Хамас се странци од 25 различни земји, соопшти израелската влада.

Според извештаите, меѓу заложниците има 54 државјани на Тајланд, 15 Аргентинци, 12 Германци, 12 Американци, шест Французи, шест Руси и пет државјани на Непал, пренесува Индекс.

Се верува дека многу од нив имаат двојно израелско државјанство, но некои, како што се тајландските и непалските заложници, речиси сигурно немаат. Тајланд е еден од најголемите извори на работници во Израел, со дури 30.000 вработени во земјоделскиот сектор, според владините податоци.

Израелската влада, исто така, изјави дека 328 лица од 40 земји биле потврдени убиени или исчезнати во нападот на Хамас.

Меѓу државите кои претрпеа големи загуби се Соединетите Американски Држави со 34 мртви и пет исчезнати, Украина со 25 мртви и двајца исчезнати, Франција со 23 мртви и еден исчезнат и Русија со 23 мртви и четворица исчезнати.

25.10.2023 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега