Повеќе од два часа се чека за излез од државата кон Бугарија на граничен премин Делчево - Станке Лисичково

Километарска колона возола повеќе од два часа чека за влез во Бугарија на граничниот премин Делчево-Станке Лисичково.

Според информациите кои ги доби дописникот на МИА, како една од причините се наведува присуство на повеќе автобуси затекнати на овој граничен премин, додека дел од причините за застојот се и проблеми со системот за влез на граничниот премин Станке Лисичково.

-Тука сме околу два часа, горе има околу осум автобуси, а колоната е долга над еден километар. Кога патуваме за Бугарија честа причина е и пад на системот од бугарска страна што предизвикува застој и на македонска страна, вели возач од Делчево.

Поголеми гужви за влез во земјава не се забележани, а поголема фреквенција на возила се очекува во полпладневните часови.

08.01.2024 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега