Потпретседателката на САД ги засука ракавите: Пакуваше пелени за настраданите од ураганот
Американската потпретседателка Камала Харис помогна да се спакуваат пелени во кутии со хигиенски производи за жртвите од ураганот Хелена во Северна Каролина.
Еден од волонтерите, Харис Грег Хатем, сопственик на ресторан, рекол дека за таквите акции „потребна е заедница“, а Харис се согласила и му рекла дека е во право, пренесува АП.
Камала Харис се состана со афроамериканските лидери во ресторан во Рали пред да им се придружи на волонтерите кои пакуваа завои, детска облека, влажни марамчиња, лекови против болки и други материјали за жртвите од ураганот Хелена, кој минатиот месец ја погоди Северна Каролина.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа