Потег за пофалба: Прилепчанец од Германија купил повеќе карти и ги донирал за оние кои не можат да си дозволат да одат на концерт

Пред неколку дена кај Панчо на Инстаграм во ДМ, стигнала една порака од Đorđe Stojceski (родум од Прилеп, работи во Германија) која на сите ќе ви ги стопли срцата, пишуваат на официјалната страна на ФБ бендот ДНК.

-Среќни сме дека се уште има добри луѓе со големи срца. Пораката ја пренесуваме во целост: “Здраво Панчо. Бидејќи не сум во можност да присуствувам на вашиот славенички концерт, би сакал да купам карти а вие да ги донирате на луѓе кои сакаат да дојдат, но не се во можност да си го дозволат тоа. Да бидеме искрени нас пораката не расплаче од среќа но и тага, едноставно микс на емоции. Голема благодарност до Ѓорѓе на кој сме му благодарни од срце за ваквиот гест, а сите вие кои не сте во можност да купите билети, пишете ни во инбокс.

На располагање имаме 20 влезницни купени од страна на овој млад и хуман човек Ѓорѓе, стои во објавата на ДНК на ФБ.

Инаку, по повод 20 годишнината од постоењето на ДНК, на 3-ти декември, во Арена “Борис Трајковски”, бендот ќе го одржи својот јубилеен концерт.

01.11.2022 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега