Постигнат договор за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан

 

Етничките Ерменци во отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах се согласија на рускиот предлог за прекин на огнот во средата, 24 часа откако Азербејџан вчера почна офанзива за да ја врати контролата врз енклавата во која загинаа десетици, а стотици беа повредени.

Ерменските сепаратисти соопштија и дека прифатиле преговори со Баку за интеграција на регионот, претежно населен со Ерменци, во соседен Азербејџан. Разговоритетреба да започнат во четврток.

 

Азербејџан претходно го гранатираше регионот Нагорно Карабах, при што биле погодени и цивилни инфраструктурни објекти.

 

 

20.09.2023 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега