Посебен случај – Саудијците ќе му дозволат на Роналдо да живее со Георгина

 

Кристијано Роналдо ќе може да живее со својата девојка Георгина Родригез во Саудиска Арабија и покрај тоа што во оваа држава постои закон според кој машко и женско можат да живеат заедно само ако се во брак.

Португалската суперѕвезда потпиша мега-договор со Ал-Наср, со кој ќе заработува неверојатни 200 милиони долари по сезона (ако се вклучат и спонзорските договори), но постоеја стравувања дека ќе има проблеми за неговото семејство, бидејќи уште не е во брак со Георгина и покрај тоа што имаат две деца заедно. Саудиските адвокати, сепак, се погрижиле за овој проблем и најавиле дека локалните власти ќе го толерират неговиот случај.

„Иако законите во кралството уште забрануваат заедничко живеење за парови кои не се во брак, властите во последно време не ги гонат овие случаи и не покренуваат обвиненија. Овие закони се применуваат само кога има некој криминал“, вели еден адвокат за „ЕФЕ“.

Се очекува Роналдо да дебитира за новито клуб против Ал-Етифак на 22 јануари, иако постои можност да биде дел од најдобрите 11 на Саудиската Про лига против Пари Сен-Жермен на пријателски меч на 19 јануари.

08.01.2023 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега