Портпаролката на НАТО: Повеќе од 500.000 војници се во состојба на готовност
Портпаролката на НАТО, Фарах Далалах, рече дека од 2014 година, Алијансата ја претрпе најзначајната трансформација во колективната одбрана во една генерација, наведувајќи дека 500.000 војници моментално се во состојба на готовност.
-Ги имплементиравме најсеопфатните одбранбени планови од Студената војна, со повеќе од 500.000 војници во моментов во состојба на готовност, изјави таа за Си-Ен-Ен.
Таа посочи дека е важно сојузниците да продолжат да имаат способни вооружени сили за заштита на територијата и населението на Алијансата.
Далалах додаде дека начинот на регрутирање и обука на воениот персонал е одлука на поединечни земји и дека околу една третина од членките на НАТО имаат некаков облик на задолжителна воена служба, но дека НАТО како Алијанса не пропишува задолжителна воена служба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа