Поранешен руски гувернер осуден на 22 години строг затвор

 

Московскиот суд, врз основа на пресуда на поротата, го осуди поранешниот гувернер на територијата Хабаровск, Сергеј Фургал, на 22 години затворска казна поради организирање на две убиства и еден обид за атентат.

Одбраната на сите обвинети (Фургал и неговите наводни соучесници) инсистираше тие да бидат ослободени од сите обвиненија.  Тие побараа од главниот судија да го искористи правото на вето на пресудата, да ја разреши поротата и да го врати предметот на ново судење со поинаков состав.

Фургал беше приведен на 9 јули 2020 година.

Според истражителите, во 2004-2005 година тој го организирал обидот за убиство на бизнисменот Александар Смолски и убиството на претприемачите Евгени Зори и Олег Булатов.

Фургал се изјасни за невин. На обвинителната клупа беа и неговите наводни соучесници Марат Кадиров, Андреј Карепов и Андреј Палеј. 

10.02.2023 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега