Поранешен олимписки вицешампион шверцувал 650 килограми кокаин
Поранешниот двоен освојувач на олимписки сребрен медал, Нејтан Бегели е прогласен за виновен за шверц на кокаин вреден 150 милиони долари во Австралија.
Покрај 45-годишниот поранешен кајакар, осуден е и неговиот помлад брат Дру.
Тие се осудени за обид за увоз на 650 килограми кокаин во Австралија во текот на 2018-та година.
Казните ќе им бидат дополнително утврдени.
Нејтан Бегели освои две сребрени медали на Олимписките игри во Атина 2004 година, а исто така е и трикратен светски шампион.
Неговата кариера беше обележана со скандали, бидејќи тој беше позитивен на стероиди во 2005 година, а беше и во затвор, исто така со неговиот брат, за неговата вмешаност во група која произведувала дрога.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа