Поранешен фудбалер на Вардар настрада во Израел - куќата му ја погодила ракета

 

Поранешниот фудбалер на Вардар, Ибезито Огбона доживеал огромна непријатност во Израел откако неговиот дом бил погоден од ракета, пишува Дерби

 

Домот бил комплетно уништен, а фудбалерот кој сега игра во локален клуб во Ашдод, бил повреден од шрапнелите и итно бил пренесен во болница.

 

Израел се наоѓа во воена состојба откако пред извесен период избија конфликти со Палестина и на двете страни постојано паѓаат ракети и секојдневно се бројат многу жртви.

Огбона целиот немил настан го пренесуваше во живо на неговиот фејсбук профил, а од болницата објавуваше и снимки од неговите повреди на ногата.

 

Напаѓачот една година беше дел од Вардар во кој дојде од казахстанскиот Каират.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега