Поплави и одрони во БиХ: Потрагата по исчезнатите продолжува
Потрагата по исчезнати лица во поплави и свлечишта продолжи денеска на подрачјето на Бутуровиќ Поле и други места во сливот на реката Неретвица, соопшти утринава Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон на Босна и Херцеговина, пренесува агенцијата „Фена“.
Според последните податоци за поплави и свлечишта во Коњиќ, Јабланица и Фојница загинале најмалку 22 лица.
Целата тешка механизација во моментот е фокусирана на чистење на локалните патишта. Тие ја пробиваат тињата на патиштата, а во исто време во тек се санации на водоводната, електричната и на телефонската мрежа. Лекови, храна, облека, хигиена и сите други неопходни потреби редовно се делат на ранливото население.
Цивилната заштита доцна во вторникот издаде наредба за итна евакуација на загрозените области Коњица и Јабланица. До 3.43 часот евакуирани се 330 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа