Полска ја тужи Германија
Полска поднесе жалба до Судот на правдата на Европската унија во врска со нелегалното складирање германски отпад на нејзина територија, соопшти полското Министерство за клима и животна средина.
„Полска поднесе жалба до Судот на правдата на Европската унија против Германија за непочитување на обврските од правото на Европската унија“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата ПАП.
Според проценките на полското Министерство, во периодот од 2015 до 2018 година во Полска влегле околу 35.000 тони отпад.
Во октомври, Европската комисија го прифати мислењето на Полска за спорот со Германија во врска со наводното складирање на отпад на полска територија.
Според мислењето на ЕК, соопштено е дека Германија во рок од 30 дена не ја исполнила својата обврска да го отстрани отпадот, кој илегално бил транспортиран.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа