Полицијата влезе во домот на млад прилепчанец, пронајдена дрога


Вчера во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(22) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. 

17.04.2024 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега