Полицијата откри 10 мигранти во два камиони на Богородица
Десет мигранти во две товарни возила биле пронајдени вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во едното товарно возило со полуприколка, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, управувано од Б.А. (49) од Скопје, биле пронајдени пет лица од Сирија и едно лице – турски курд. Во второто товарно возило со полуприколка, со српски национални ознаки, управувано од П.Н. (41) од Република Србија, сопственост на правен субјект од Република Србија, биле пронајдени четири лица од Сирија.
Од МВР дополнуваат дека мигрантите се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа