Почвата во Турција не мирува, регистриран уште еден силен земјотрес
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и во област на 64 километри северозападно од Кахраманмараш, која беше најтешко погодена од катастрофалниот земјотрес во февруари.
Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во земјотресите со јачина од 7,8 степени на 6 февруари.
23.03.2023 - 19:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа