Почит кон жртвите: Собранието ги одложува планираните активности
На денешната координација која се одржа во Сала на Влада во Собранието присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, потпретседателката Бендевска и координаторите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, како и претставник од Влада и генералната секретарка на Собранието.
„Присутните консензуално се согласија дека имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари“, соопштија од Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа